Плоча 22.01.2012
Овој викенд поради обилните снежни врнежи се решивме да качуваме по малите ниски карпи. Се одлучивме за Плоча, а повеќе на изборо влијаеше и фактот дека немаме посебна опрема за качување во мраз. Во неделата, 22. I. 2012 отидовме Зоран Мајсторски, Дејан Крле, Гоце Јовановски и Никола Андоноски. Ги качувавме првите должини на насоките Два Роберта и качувавме десно од Младина 88 каде што имаше мраз кој добредојден ни беше. Навистина добро искуство, а снежните врнежи правеа искачувањето да биде невообичаено. Фотографиите се направени со мобилниот телефон на Гоце.
Read the rest of this entry »
Насока ОТМАР
локалитет: Матка
насока: Отмар
оцена: IV+
датум: 15 јануари 2012
време: Сончево и променливо облачно, 5-6°
наврска: Никола Андоноски, Тони Димитров и Тања Пенева
Декември. Лето господово 2012. Практично би требало да е зима. Но, очигледно ги фативме сите сончеви и топли денови во Македонија оваа зима, па така како не би го пропуштиле и овој, во дослух со Тања и Николa, ова неделно сончево утро (повеќе накај попладне) тргнуваме, наместо на скијање како обично тоа бива во зима, кон Матка на качување. На прашањето што сакаш да качуваш, одговарам со: се исто, што сакате. Не бевме качувале од минатонеделниот ‘маратон’ па беше навистина се исто. Така изборот падна на една солидна насока – ОТМАР. Read the rest of this entry »
Демир Kапија: качување на насоката „Јосип Броз“ со дерези
По договорите да качуваме со Никола Андоноски овој пат беа наклонети за Демир Капија инаку нашите желби се наклонети да качуваме некаде на планинските карпи сепак условите мислам дека сеуште не се најдобри бидејки снегот не ја добил потребната цврстина – фирнирање поради ладните временски услови.
Read the rest of this entry »
„Новогодишен“ со дерези
Обврските кој ми беа планирани преку неделата во Скопје ги искомбинирав со мала посета на Матка. Качуваваме заедно со Дејан Крле и тоа целта на качувањето ни беше качување со дерези со што целото качување одеше во најдобар ред иако климатските услови беа променливи со засилен ветер но ние брзо ја искачивме нашата цел само со поразлични техники на качување поради дерезите но се се свикнува.
Матка Десна
локалитет: Матка
насока: Матка десна
датум: 27.12.2011
наврска: Тања Пенева и Никола Андоновски
Прва должина пумпа, уф преубава е навистина и убави фаќалишта си има, малку расчекор и жлебче. Кога стигнав на прво сидриште до Никола си помислив како ќе одам нагоре кога толку ги напумпав подлактиците. Ништо не би можела да држам ако е со ист континуитет нагоре. Оп хоп и веќе кога Никола ме праша дали ќе ја водам следната должина мене рацете ми пуштија. Чуден е човечкиот ментален склоп. Read the rest of this entry »


