Растителен и животински свет на ПЛОЧА

Плочата

31.jpgМесноста  „Плоча“ се наоѓа западно од градот Радовиш во непсредна близина на новата населба Дамјан, од левата страна  на регионалниот пат Радовиш-Штип т.е. од левата страна на Меденска река која навлегува во катастарската општина од селото Брест, која е во состав на шумската единица „Серта-Почивало“ на Ј.П. „Македонски Шуми“ п.о. Скопје подружница на Ш.С. „Серта “,  Штип.

Највисоката точка на месноста „Плоча“ е на 680 мнв., а најниската висинска точка е на 480 мнв. Во однос на изложеноста на теренот, месноста се наоѓа од   североисточна,   северна   до   северозападна   експозиција.  Падот  на  теренот (или инклинацијата)  е околу 40 % до 46%. Плоча претсавува северозападна граница на планината Смрдешник.

Месноста „Плоча“ е богата со животински и растителен свет. Од животинскиот свет тука можат да се сретнат разни видови на птици, диви животни како и разнични видови на змии. Многу од птиците сеуште не се доволно набљудувани, а ист е случајот и со дивите животни. Поради својата местополжба,  овде може да се каже дека припаѓаат на фитоценолошката термофилна шумска заедница as. Querco-Carpinetum orientalis.

Од птиците кои се набљудувани во месноста „Плоча“ можат да се сретнат следните видови птици:

Научно име

Народно име

Aquila chrysaetos Сур орел, Златен орел
Falco peregninus Сив сокол
Falco Tinnunculus Црнонокта ветрушка
Corvus corax Гавран
Corvus corone cornix Сива врана
Corvus corone corone Црна врана
Pica pica Страчка, Какарашка
Coloeus monedula Чавка
Garulus glandarius Сојка, Осојка, Крек сојка
Alectoris  graeca Еребица камењарка
Perdix Perdix Полска еребица

Покрај гореспоменатите птици можат да се сретнат уште многу други како: Luscinia luscinia – Славеј грмушкар, Turdus merula – Кос, Passer montanus – Врапче, Luscinia megarhynchos – Обичен славеј, а има многу други кои допрва треба да се набљудуваат. Специфичноста на ова место е во тоа што повеќето од гореспоменатите видови на птици  се пред истребување, па според законите во Република Македонија тие се трајно заштитени видови, или, со други зборови, повеќето од нив се многу ретки.

Од дивите животни  кои се срекаваат во месноста „Плоча “ можеме да кажеме дека се застапени следните видови диви животни:

Научно име

Народно име

Canis lupus Волк
Canis vulpes Лисица
Martes foina Куна белка
Mustela nivalis Невестулка
Putorius putorius Твор
Meles meles Јазовец
Sciurus vulgaris Верверичка
Lepus europaeus Обичен зајак

Оваа месност е богата со разновидни змии, па така може да се спомене присуството на следни видови змии:

Научно име

Народно име

Zamenis situla (syn.Elaphe situla) Змија леопард
Platyceps najadum dahii (syn.Columber najadum dahii) Престрелог
Dolichophis caspius (syn.Columber caspius) Голем смок
Hierophis gemonensis (syn.Columber gemonensis) Сив смок
Hierophis viridiflaxus carbonarius Црн смок
Vipera amodytes amodytes Потскок
Vipera berus Шарка, Риксовка, Љутица
Malpolon insignitus Голема сива змија
Natrix natrix Белоушка
Elaphe quatuorlineata Коштерица
Zamenis longissima (syn.Elaphe longissima) Смок, Ескулапова змија

Во месноста „Плоча“ можат да се најдат растителни видови, како од дрвенести растителни видови, така и од грмушести и тревести растителни видови.  Ќе ги споменеме следните:

Научно име

Народно име

Quercus pubescens (syn.Quercus lanuginosa) Даб благун
Quercus frainetto (syn.Quercus conferta) Даб плоскар
Carpinus orientalis Бел габер
Carpinus betulus Воден габер
Ostrya carpinifolia Црн габер
Ulmus munor (syn.Ulmus campestris) Полски брест
Corylus avelana Леска
Juniperus communis Смрека
Clematis vitalba Повет
Juglans regia Орев
Salix alba Бела врба
Caluna vulgaris Калуна
Erica carnea Ерика
Tila cordata (syn.Tulia tomentosa) Сребренолисна липа
Rubus discolor Капина
Rosa canina Шипинка
Morus alba Црница
Rosa arvensis Полска ружа
Pyrus piraster Дива круша
Pyrus amygdaliformis Горница
Crategus monogyna Глог
Sorbus torminalis Брекиња
Creasus avium Дива цреша
Prunus spinosa Трнка
Colutea arborescens Пукалка
Pistacia lentiscus Пистација
Acer campestris Полски Јавор
Acer monspessulanum Клен
Acer tataricum Татарски јавор
Cornus mas Дрен
Hedera helix Бршлен
Evonimus verrucosa Курика
Paliurus acileatus Драка
Fraxinus ornus Црн Јасен
Lonicera caprifolia Орлови нокти
Samucus racemosa Бозел
Sambucus nigra Црн бозел
Asparagus acutifolia Аспарагус
Aelaeagnus angustifolia Дива маслинка
Jasminum officinarum Јасмин
Pteridium aquilinum Обичен папрат
Polypodium vulgare Сладок папрат
Ficaria verna Болиглава
Rannunculus lanuginosa Мофесто лутиче
Lychnis coronaria Дабова свиларка
Viola ododrata Темјанушка
Viola bikolor Темјанушка
Cyclamen purpurascens Дива циклама
Euphorbia amygdaloides Шумска млечка
Aremonia agrimonoides Матрун
Fragaria vesca Дива јагода
Potentilla erecta Стечник
Dictamnus albus Русен
Acanthus balcanicus Лозарица
Lamium maculatum Маче
Urtica dioica Коприва
Clinopodium vulgare Мачкин цвет
Campanula persicifolia Дабов ѕсвонец
Tanacetum macrophyllum Голема вртика
Tanacetum corimbosum Шумски вртипоп
Cheledonium majus Змиско млеко
Hypericum perforatum Жолт кантарион
Malva sulvestis Шумски слез
Malva neglecta Слез
Matricaria chamomila Камилица, попадиче
Plantago lanceolta Тегавец
Taraxacum officinalis Глуварче
Teucrium chamaedrys Подубац
Thymus serpillum Мајчина душичка
Verbascum thapsiforme Волов Опаш
Achillea millefolium Ајдучка трева
Achillea ptarmica Ајдучка трева
Aethusa synapium Див синап
Agrimonia eupatoria Петровден
Papaver roeas Булка
Capsella bursa pastoris Овчарска торбичка
Erodium cicutarium Саатче
Rumex acetosella Киселец
Euphorbia cyparisias Млечка
Euphorbia helioscopia Млечка
Fumaria officinalis Фумарија
Geranium sanguineum Гераниум
Lathyrus cicer
Lotus corniculatus
Ranunculus repens Полско лутиче
Symphytum officinale
Paeonia mascula Божур
Aegilops ovata Осилка
Buxa media
Alkanna tictoria Благовец
Salvia nemorosa Жалфија
Lathyrus miger Црн граор
Symphytum tuberosum Жолт гавез
Clinopodium vulgare Мачкин цвет
Lunaria rediviva Голема паричка
Iris persica Периника
Scilla bifolia
Galium aparine Леплива трева
Lilium Martagon Крин
Lilium candidum Див крин

Постојат уште многу растенија кои вегетираат во една вегетација или календарска година кој ге ги споменеме  понатаму.

Дипломиран шумски инженер Трајче Ангелов

3 Responses to “Растителен и животински свет на ПЛОЧА”

  • Горан:

    браво за страната,не сум знаел дека и нашата држава има богатсво за кое може да се зборува и да се истражува……

  • I have been scouring the Web for this information and just wanted to say thanks to you for the post. Also, just off topic, where can i download a copy of this theme? – Thanks

  • goran dobreski:

    bravo drugar za stranata sekoja cest, bas me raduva samo taka prodolzete..

Leave a Reply

You must be logged in to post a comment.