Дeмир Капија 28 и 29. 11 2009 година
По најавата дека ќе доагаат алпинисти од република Бугарија и дека ќе имаат курс за почетници решивме повеке претставници од Македонија да ги посетеме. Но на лице место се појавивме само претставници од АК “ Плоча “ и од АК “Астрајон “, а останатите поради одрени оправдани причини не се појавија.
Наша цел беше да се качуваме во потешките насоките и да воспоставеме контакт со бугарските алпинисти.
По неспиената нок со рударите од Бучим кој ја славеа 30 годишниата од постоењето на рудникот, а слично беше и со Гоце. Го фативме автобусот во 4 и 15 кој води до Неготино, а овде чекавме комбе да не пренесе до Демир капија но за жал првото комбе не извиси и моравме да чекаме уште еден час повеке.
Маглата цело утро беше легната, a се исчисти после 11 часот но не не подвoуми да влеземе во насоките и да качуваме. Имав желба да ја качам Влатчева насока на која го уредував горниот дел но почетокот не го имав качено. Качувањето беше многу добро зошто насоката е за вистинско уживање кој би сакал да ужива во потешки но многу убави движења слободно нека влезе во оваа насока зошто може да качува со секаква структура на карпата и со различна техника каде што има и краток дилфер. Горнијот дел кој го уредував сега го качував и разгледував дали добро сум го опремил но за жал видов некој мали нелогичности со што при наредно качување би ги средил.
По абзелувањето на ред беше насоката Гавранот која првиот пат ја качив слободно и си мислев дека и сега ке ја качам но за жал на места морав да се тегнам по гуртните, а плус го носев и ранецот кој дополнително ме оптеретуваше но битни беа фотографиите кој ги направив на Гоце и тој овде имаше мака но се запозна со техничкото качување.
Нокта спиевме во домот со бугарите иако планиравме да бивакуваме но се предомисливме, за жал си легнавме рано зошто не бевме спиени и бевме истоштени од двете прилично тешки насоки.
Утредента со бугарите заминавме кон насоките, на сајлата покрај Вардар тие беа разлечени и им требаше многу време да ја минат но сепак се апсолутни почетници. По разгледувањето и насочувањето на бугарите сите си земаа обврски кој каде да качува иако вечерта ги учеа јазлите, ние бевме на Тулумба каде се си одеше по нормала но на момент мислев дека е од полесните насоки па така малку морав да се сконцентрирам на техниката воедно и помагав на бугарите за ориенатцијата на насоките кој беа околу нас.
Слеговме набрзина и побзавме према Демир капија за да го фатеме комбето но само за 8 минути не стигнавме па моравме авто стоп до Неготино но за срека не качи автобус од Богданци до Неготино и одовде за Радовиш.







1 comment
Браво Браво …. Важно качивте нешто топови хх позз
Остави коментар